Изминатата година беше прилично турбулентна за семејството Кардашијан, па не е изненадување што трејлерот за претстојната трета сезона на нивното ријалити шоу на Hulu е многу драматичен. Новите епизоди на „The Kardashians“, меѓу другото, ќе се занимаваат со раскинувањето на Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон, како и нејзината врска со раперот Канје Вест по финализирањето на разводот.
„Работите навистина се менуваат брзо“, рече Ким на почетокот на трејлерот, откако продуцентот алудираше на нејзината врска со Пит. Во една од сцените, таа исто така плачеше во прегратките на Клои, велејќи дека имала „многу тежок ден“. Тогаш Кендал го постави прашањето кое ги интересира сите фанови на риалити кланот – „Како се справуваш со сето ова со твојот поранешен сопруг (Канје)?
Ким со вознемирен глас раскажа како Канје ја измислил „најлудата приказна“ и како целото семејство молчи заради децата и покрај „лагите“. Не е откриено точно на која приказна мислела Ким, но можно е таа да мислела на повиците на Вест за нејзините методи на воспитување.
Исто така, беше објавено дека заплетот ќе ја следи врската на Клои со поранешниот партнер Тристан Томпсон, со кој има две деца, како и нејзиниот страв од рак на кожата откако ќе и се појави меланом на лицето. „Никогаш не сум те видела во толку лоша состојба“, и рекла нејзината најдобра пријателка Малика Хак.
Кајли, од друга страна, се соочува со малку поинакви предизвици. Во трејлерот, магнатот за убавина им кажа на своите сестри дека мисли дека треба да размислат за стандардите за убавина што тие ги поставуваат. Исто така, во разговор со нејзината пријателка Анастасија ‘Стејси’ Караниколау, таа призна дека се кае за естетските зафати на кои се подложила. „Не сакам мојата ќерка да ги прави работите што ги правев јас. Посакувам никогаш да не допрев ништо“, рече таа.