Драма за време на одморот: Ричард Гир хоспитализиран во Мексико

popara20 февруари, 20231min00
Screenshot_4

Холивудскиот актер Ричард Гир моментално е во Мексико со членовите на своето семејство каде што закрепнува откако му беше дијагностицирана пневмонија.

 

 

 

Здравствени проблеми имале и сите други членови на семејството, пишува порталот Дедлајн.

Гир бил на одмор со семејството во Нуево Ваљарта, а штом почувствувал проблеми отишол во болница, каде што лекарите го советувале да остане кај нив преку ноќ за да ја следат неговата состојба.

 

Но, тој останал само еден ден, по што бил пуштен на домашно лекување.

 

Актерот го прославувал 40-от роденден на сопругата Алехандра со нивните мали деца кога на сите им се слошило.

 

Неговата сопруга ја сподели веста за здравјето на социјалните мрежи.

 

Ви благодарам на сите за роденденските желби… По речиси три недели откако сите во нашето семејство се болни, конечно се чувствувам многу подобро! Ви благодарам за сета љубов што ми ја праќате – пишува во објавата на сопругата на актерот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma