Маж се обидел да упадне во вилата на Ријана. На полицијата ѝ изјавил дека тоа го направил затоа што сакал да ја запроси.
Полициската управа во Лос Анџелес изјави за Page Six дека еден маж бил уапсен вчера во Беверли Хилс. Допатувал од Јужна Каролина. Не е познато дали пејачката во тоа време била во вилата.
Обезбедувањето на Ријана го задржало додека не дошла полицијата. По сослушувањето, тој бил ослободен.
Ова не е прв пат Ријана да наиде на ваков проблем. Имено, Едуардо Леон во 2018 година провали во истата вила и таму остана дури 12 часа. За среќа, таа во тој момент беше на пат. Нејзината помошничка го забележала додека се криел.
На полицијата ѝ рекол дека сака да има секс со Ријана. Беше обвинет за следење, кражба, вандализам и давање отпор при апсење. Ја призна вината и беше осуден на условна казна од 5 години.