Драстични промени: Што ќе се случи во телото ако наеднаш го намалите внесот на сол?

popara9 јануари, 20231min00
Biber-i-so

Ненадејната транзиција кон исхрана без сол може да биде шок за телото

Познато е дека прекумерното консумирање сол има негативни последици по здравјето. Знаејќи го ова, многу луѓе одлучуваат целосно да го исфрлат овој зачин од исхраната, но оваа крајност воопшто не се препорачува, па затоа одлучуваат да го намалат внесот на сол.

Што може да предизвика намалување на внесот на сол? Може да се издвојат 5 последици.

  1. Може да дојде до зголемување на телесната тежина

Јодираната сол е важна за хормоните, па ако целосно ја исклучите, внесот на јод ќе ви биде ограничен, можеби и недоволен. Поради ова лесно може да дојде до зголемување на телесната тежина, надуено лице, сува кожа, чувство на замор и слабост во мускулите.

  1. Влијание врз срцето

Намалувањето на внесот на сол првенствено се препорачува за луѓето кои страдаат од проблеми со срцето, но студиите покажаа дека ниту премногу, ниту премалку сол не е добро за срцето. Уште еднаш се докажа дека средината е навистина „златна“.

  1. Зголемен ризик од инсулинска резистенција

Студиите го докажаа и ова тврдење. Ако јадете премалку сол, телото не реагира правилно на инсулинот, што може да доведе до зголемен шеќер во крвта.

  1. Симптоми на дехидратација

Кога нивото на сол во организмот драстично опаѓа, може да почувствувате симптоми слични на дехидратација – сува уста, вртоглавица, силна жед, честа посета на тоалетот.

  1. Мачнина

Престанокот на внесот на сол има силно влијание врз нивото на холестерол. Иако на почетокот обично не покажува никакви симптоми, може да влијае на кој било орган во телото, вклучувајќи го и срцето. Еден од првите симптоми што го покажува ова е мачнината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag