Не ни е непознато дека Блејк Лајвли има генијална смисла за хумор,но последната реклама за нејзиниот бренд на пијалоци беше особено возбудлива.Имено,актерката е сопственичка на брендот ‘BettyBuzz’,безалкохолен вегански газиран пијалок кој доаѓа во различни вкусови,а рекламата за најновиот стана вирален хит.Станува збор за духовита,саркастична и пред се генијална реклама која се фокусира на машко-женските односи.”Пијалокот е без суровост,освен за мажите.Има причина зошто сите мажи сакаат’BettyBuzz’,ние не ги тестираме на животни,ние тестираме на мажи”,вели актерката во рекламата,тестирајќи го пијалокот на мускулест маж. „Така е.Добриот дечко,испи се“,вели таа при крајот на рекламата.Многу брзо по објавата имаше бројни позитивни коментари за тоа дека жената конечно е во привилегирана положба во однос на мажот од рекламата.
View this post on Instagram
Мора да се признае,имаше некои коментари на незадоволство зошто наместо непознат мускулест млад човек,нејзиниот згоден сопруг Рајан Рејнолдс не ја снимаше рекламата.Рекламата беше лајкувана речиси 800 илјади пати на Инстаграм за помалку од 24 часа,а многумина во неа го препознаа влијанието на филмот „Слатка мала тајна“ во режија на Пол Феиг, во кој главните улоги ги толкуваат Ана Кендрик и Блејк Лајвли.