Ева Лонгорија се појави на Златната гала свеченост во Лос Анџелес
За актерката секогаш се зборува во суперлатив, нејзиниот изглед често е пример за другите, а тоа го оправда и овој пат.
Носеше елегантен црн фустан без прерамки, чие деколте беше обложено со кристали. Тоалетата ја следи линијата на телото и е со миди должина, а ја искомбинира со отворени црни сандали со ремчиња.
Таа одлучи да ја собере косата во високо, строго репче за акцентот да биде на самиот фустан. И овој пат убавата Ева ги истакна темните очи, а усните ги остави во „голи нијанси“.
Актерката неодамна ја отвори вратата на режијата, па сега работи на бројни филмови и серии. И покрај тоа, таа успева да одржи рамнотежа во приватниот живот и своето време го посветува на синот Сантијаго (4) и сопругот Хозе Бастон.