И додека во некои култури јадењето инсекти е сосема нормална работа, другите народи не можат да мислат на нив во нивната чинија…
Во светот во храната се користат повеќе од 1.900 инсекти, а постои можност некои од нив ненамерно да ги јадете или дури и пиете.
Доктор Каран Раџ, многу популарен на социјалните мрежи, во видео објасни дека ако пиете претходно мелено кафе, голема е веројатноста да испиете и парчиња бубашваби.
„Предмеленото кафе, како и повеќето кафиња купени во продавница, содржат мелени лебарки. Одреден процент од зрната кафе се заразени со лебарки и други инсекти. Вообичаено не можат целосно да се обработат, па само се пржат и мелат со зрната кафе“, објасни тој.
Тој додаде дека повеќето надлежни контролни тела дозволуваат одреден процент на делови од инсекти во нашата храна.
На крајот од видеото тој им понуди утешни зборови на љубителите на кафе кои не се љубители на инсекти, додавајќи дека бубашвабите содржат многу протеини.
Сепак, има луѓе кои се алергични на инсекти во каква форма и да се и за нив советуваше да избегнуваат мелено кафе. Затоа, подобро е да го купите и сами да го мелете.