ЕВЕ КАДЕ ГРЕШИТЕ: Дали поради ова вашата кожа е сува по чистењето?

popara2 мај, 20231min00
Screenshot_7

Со помош на шминка, секоја жена може да има беспрекорно чиста кожа. Но, што кога пудрата ќе ја снема? Како и тогаш да имате совршено мека и чиста кожа?

 

 

 

Прво и најважно правилно е соодветната нега.

 

Со одвикнување од следните грешки, за само неколку недели ќе имате бебешки чиста кожа:

 

  1. Не употребувате креми со заштитен фактор

Дерматолозите препорачуваат користење на креми со заштитен фактор 15 дури и кога не сте изложени на сонце. Посебно за жените кои имаат светла и чувствителна кожа. Тоа ги намалува шансите за брчки и пеги на кожата.

 

  1. Нанесувате крема на мокра кожа

Некои жени веруваат дека ако нанесат крема на мокра кожа, ја зголемуваат нејзината хидратација. Но, тоа е мит. Подобро е да ја исушите кожата со мек пешкир, да нанесете тоник за чистење, да го оставите да се впие, па да нанесете крема на сува кожа.

 

  1. Користите производи кои испуштаат многу пена

Избегнувајте ги средствата за чистење кои пуштаат многу пена. За сувата и чувствителна кожа користете исклучиво млека за чистење и мицерална вода, а за масната кожа користете нежни гелови кои не пенат.

 

  1. Миење на лицето со претерано ладна или топла вода

Уште еден случај во кој важи правилото златна средина. Мијте го лицето со млака накај топла вода. Таа совршено ги чисти нечистотиите и не и пречи на вашата кожа.

 

  1. Користите премногу камена пудра

Многу жени имаат навика да користат големи количини камена пудра за да ја фиксираат шминката, посебно кога е топло. Но, на тој начин не решавате проблем, туку си создавате нов – камената пудра ги затвора порите.

 

  1. Спиете со лицето на перница

Знаеме дека спиењето на стомак е удобно, но допирањето на кожата до перницата не ви е најдобрата навика. Така си создавате брчки бидејќи кожата не може правилно да диши.

 

  1. Кремата за лице ја нанесувате погрешно

Важно е нежно да масирате лицето, следејќи ги неговите линии. Ова го намалува растегнувањето на кожата. Секогаш почнете ја масажата од средината на лицето, кон крајот. Не правете конфузни, кружни движења како што ќе ви текне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma