ЕВЕ КАКО ДА ГО НАМАЛЕТЕ НИВОТО НА СТРЕС ВО ЖИВОТОТ: Ако сте постојано напнати и преоптоварени, следете ги следните 4 чекори

popara2 март, 20231min00
shutterstock_1707953515

Го живееме животот, секогаш со умот на друго место. Брзаме да стигнеме на работа. Кога ќе стигнеме, правиме to-do листи за сѐ што треба да завршиме дома. Кога веќе ќе стигнеме дома, најчесто сме преизморени за да ги завршиме нашите домашни обврски. И така, ни се слизнал низ прсти големиот проект на работа кој требало да биде одлучувачки за нашата кариера. Навиката секогаш да гледаме еден чекор напред, прераснува во циклус од грижи и стресови кои не спречуваат да го цениме единственото нешто врз кое може да имаме контрола – сегашноста.

 

 

 

Фокусирањето на сегашниот момент е клучот за ослободување од стресот кој го носиме со себе. Наместо да се окупираме со сѐ околу нас, може да се научиме да се посветуваме на една работа во даден момент. Штом еднаш сфатиме што правиме, работата ќе ни причинува многу поголемо задоволство. Наместо да се мачиме, стануваме посветени, подготвени и ангажирани. Еве неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат да најдете смисла во фокусирањето и подигнувањето на свеста за сегашниот момент.

 

  1. Ден по ден

Често дозволуваме еден или неколку проблеми да ни го преплават целиот ум и да ни го контролираат животот. По некое време стануваме заглавени со нашите грижи. Решението е во живеење ден по ден. Секој може да преживее еден ден. Ако преземеме работа за повеќе, кога-тогаш ќе наидеме на проблем.

 

Обидете се да не мислите на целиот ваш живот. Не се грижете ниту за утре. Само живејте го денес. Ослободувањето од потребата за менаџирање на вашата иднината, ќе ви го ослободи животот и ќе ви помогне да уживате во патувањето.

 

  1. Фокусирајте се на она што функционира

Вашите мисли се моќни. На што и да се фокусирате, таквите мисли ќе имаат тенденција да се засилуваат. Ако размислувате на проблемите, тие ќе стануваат поголеми и поголеми. Спротивно, ако фокусот ви е на позитивните нешта, од секаде ќе наидувате на благослов. Вашиот живот можеби нема да се смени, но ќе се смени начинот на кој вие гледате на него и со тоа, начинот на кој го доживувате. Исто така, претскажувањето на она што ќе се оствари има позитивно влијание.

 

Хелен Килер вели:

 

 

„Свртете го лицето кон сонцето и нема да ја гледате сенката.“

 

Во нашиов случај, свртете се кон сонцето и обрнете внимание на она што функционира во вашиот живот. Прославувајте ги успесите и радостите, без разлика дали се работи за унапредување на работа, нов супер колега или редовна плата.

 

  1. Покажувајте благодарност

Едноставен начин да се фокусирате на позитивните работи е да направите листа на сѐ за што сте благодарни. Додека сте на работа, запишувајте на компјутер. Точките што ќе ги запишувате не треба да се некои широки елаборации. Едноставно, доколку си одвоите време да ги евидентирате сите работи кои ви одат добро, ќе сфатите колку сте среќни и вашите грижи полека ќе избледнат.

 

Иако очигледно, но кажувањето благодарам е уште еден начин за покажување благодарност. Кога вашиот колега ќе успее да ја заврши задачата што сте му ја задале, кажете му благодарам. Кога ќе ви направат добро кафе во вашето омилено кафуле, дозволете им на келнерите да го забележат тоа. Градејќи позитивни врски со луѓето околу вас, ви се обновува смислата за добрите нешта, а истовремено тоа ќе направи многу од нив да се чувствуваат подобро.

 

  1. Не верувајте во митот „тревата е позелена…“

Ја знаете изреката „Тревата е секогаш позелена на другата страна“. Но, ние појдовме и видовме дека не е така. Така само изгледа оддалеку. Овој мит не спречува да согледаме колку добро сме поминале со работите што сме ги направиле. Наместо тоа, го поминуваме времето посакувајќи нешто подобро.

 

Познато е дека во животот многу пати посакуваме да бидеме во некоја ситуација, што кога ќе се случи, веќе не ни изгледа толку привлечно. Можеби мислите дека животот ќе ви тргне кога ќе стапите во брак или кога ќе бидете унапредени или кога ќе родите дете. Иако овие цели не се за потценување, тоа не значи дека треба да дозволите да ве потиснуваат во согледувањето на она што се случува тука и сега.

 

Стеснете го фокусот, барем денес, во овој момент, на ова место. Тогаш делувајте, ангажирајте се, најдете ги добрите работи, кажувајте благодарам и едноставно бидете присутни.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma