
Ким Катрал беше ѕвезда на премиерата на „За мојот татко“.
Актерката Ким Катрал (66) која се прослави со улогата на Саманта во серијата „Сексот и градот“, се појави на премиерата на филмот „За мојот татко“ во Њујорк.
Таа заслепуваше во комбинезон со светки, а сите зјапаа во нејзиното длабоко деколте.
Актерката Ким Катрал се прослави со улогата во серијата „Сексот и градот“ каде ја глумеше легендарната Саманта.
На многумина им беше омилена хероина, а нејзините реплики се уште многумина ги цитираат на социјалните мрежи. Затоа многу фанови на Саманта се разочараа кога слушнаа дека Ким Катрал нема да глуми во неодамна снименото и прикажано продолжение на оваа серија наречено „И баш така“.

Главниот поттик секако беше нејзиниот однос со Сара Џесика Паркер, која ја играше Кери Бредшо во серијата.
Ким е една од ретките актерки во Холивуд која немала естетски интервенции на себе.