Иако често е тешко да изгледате убаво кога се топите на жешко, лелеавите фустани во бохо стил ќе ви го овозможат тоа.
Општо е познато дека летото може да биде, така да се каже, пеколно жешко, па затоа е голем предизвик да се најде облека во која ќе изгледате убаво, а сепак да не се „стопите“ претерано во неа.
Нешто со кое никогаш не можете да погрешите се лесни, лелеави фустани, во етно или бохо стил.
Дури и познатите холивудски дами се одлучуваат за ова парче облека, знаејќи дека нема да останат незабележани и тоа на позитивен начин.
Хајди Клум носеше етно фустан дури и за црвениот тепих, додека Ријана, Кендал Џенер, Алесандра Амбросио, Ким Кардашијан, Парис Хилтон и други се прошетаа низ град во слично издание.
Секако, својот стил го комплетираа со ефектни парчиња накит и чанти, кои одлично се совпаѓаа.
Погледнете како изгледале, па можете да искористите една како инспирација.