Прекинувањето на врската, колку и да траела и без разлика кој кому раскинал, е тешко. Во прашање се навики, колку и да звучи лошо. Сте се навикнале да ја имате таа личност во животот, да делите убави и тешки моменти, да си бидете потпора и пријател.
По раскинувањето секој има свој начин за преболување, но едно е исто: секој сака да продолжи понатаму и да си најде среќа повторно. Овие „правила“ горе-долу важат за секој кој сака да продолжи со потрагата по љубов и среќа и да го остави поранешниот партнер во минатото.
Промени
Веќе доживеавте една голема промена во животот, излеговте од врска. Не дозволувајте тоа да биде пресвртницата за вас во овој период. Направете позитивна промена за себе, одете во теретана или почнете да трчате. Покрај тоа што ќе оформите прекрасно тело, ќе ја трошите негативната енергија и ќе се чувствувате подобро во врска со себе.
Патувања
Запознавањето нови култури и градови, прошетките во природа, новите звуци и мириси… сево ова ќе ве потсети колку е убав животот и колку имате да откривате за светот, а и за себе.
Пријатели
Не се затворајте дома. Прифаќајте ги поканите за дружење. Дозволете им на пријателите да ве расположат, обвновете стари пријателствца, формирајте нови. Од обично попладневно кафе, до журка, разонодете се за да не бидете дома во четири ѕида со своите мисли и спомените.
Нов лист
Секако, не можете да ги избришете целосно сеќавањата, но може да го избришете поранешниот партнер од сите социјални мрежи. Ништо добро нема да ви донесе ако постојано имате потсетник на него/неа и ако следите што ми/ѝ се случува во животот. Свртете нов лист, буквално и почнете одново.