Овој трик е мала, но добра промена
Социјалните мрежи често на светот му покажуваат разни трикови кои го олеснуваат секојдневието, па понекогаш откриваат нешто сосема логично или нешто што сме го пропуштиле поради навики, а ни било пред очи.
Кулинарството крие разни трикови, како и правилни начини за подготовка на храната. Неодамна, на тикток профилот „@tiger_lee_uk“ сподели совет за цедење на тестенини.
Процедувањето на макароните со капак или чинија е заменето со големи цедалки. Меѓутоа, тука настануваат грешките.
Имено, наместо цедалката да се стави во мијалник и низ неа да се полее врелата вода со тестенините, постапката треба да се смени.
Цедалката имитира сад, а нејзината форма е одлична за ставање над тенџере и повторување на „стариот начин“ на цедење, со држење на цедалката над тенџерето и исцедување на вишокот вода.
Видеото може да го погледнете ТУКА.
Овој метод е „поправилен“ поради сушењето на тестенините. Готвачите велат дека на овој начин макароните се одржуваат топли и многу побавно се ладат, поради врелата тава.