Доволно е босилекот да се натопи во шолја вода и да отстои неколку минути.
Босилекот е растение кое најчесто се користи како зачин.Но,освен што ќе му даде одреден вкус на јадењето,може да се користи и на друг начин.
Ќе ги искористите неговите придобивки ако го подготвувате чајот на следниов начин:
– Една лажица свеж или сув босилек потопете во шолја вода (200мл) и оставете да отстои 7-8 минути.После тоа е подготвено за консумирање – истакнува нутриционистката Ивана Мишиќ и ги открива најчестите позитивни ефекти од ова растение:
– антиоксиданс
– го подобрува варењето
– го намалува стресот и анксиозноста
– антимикробно дејство
– ја подобрува работата на срцето и здравјето
– го регулира шеќерот во крвта
– го подобрува имунитетот