ЕВЕ КАКО РОЗИТЕ ДА ВИ ПОТРААТ! Секој втор ден треба да правите една работа

popara15 февруари, 20231min00
651617_flower-3115353-960-720_f

Кога ќе добиете роза или букет од овие цвеќиња како подарок, тие сигурно ќе ја красат вашата куќа во следните пет дена, но можат да траат и подолго ако правилно се грижите за нив, велат цвеќарите.

Менувајте ја водата во вазната секој втор ден и секогаш кратете го стеблото на цветот за еден сантиметар. Исечете го стеблото под вода, под мал агол.

На овој начин, капиларите во стеблото нема да бидат блокирани од мали воздушни меури, кои можат да го спречат протокот на вода до цветот.

Отстранете ги листовите од стеблото, бидејќи кога се во вода брзо скапуваат, а со нив побрзо се распаѓа и целиот цвет.

Искусните градинари открија трик за да имате прекрасни рози на балконот со бујни и здрави ливчиња, а за тоа ви треба само еден компир!

Пробајте го овој трик доколку планирате овие денови да ги сечете старите садници и да ги подготвите за сезоната на цветање.

Чекор 1: Изберете поголем компир и прободете го во средината со нож или шило.

Чекор 2: Забодете едно стебло исечено од грмушката од роза во таа дупка.

Чекор 3: Половично наполнете ја саксијата со земја, ставете го компирот со розата и наполнете ја саксијата до крај.

Чекор 4: Исечете пластично шише и со него покријте ја розата за да има соодветна заштита од негативни надворешни влијанија во првите неколку недели.

Повремено полевајте и по неколку дена извадете го шишето за да може розата непречено да расте и да цвета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma