Ако за момент заборавиме на лошите манири, треба да се напомене дека опсесивното чепкање носот може и сериозно да го загрози вашето здравје.
Особено, во ерата на коронавирусот…
Најголемите ризици од чепкање на носот:
Инфекции
Ноктите можат да предизвикаат мали „исекотини“ во ткивото на ноздрите. Исто така, бактериите можат да навлезат во овие „исекотини“ и да предизвикаат разни инфекции.
Ширење на болести
Слузта од носот собира прашина, бактерии и вируси кои ги вдишувате секој ден. Со чепкање на носот се шират тие штетни материи.
Оштетување на носната слузница
Секојдневното чепкање на носот може да доведе до сериозни повреди на септумот (преградата помеѓу ноздрите), крварење и отекување на носот.
Како да се откажете од оваа навика
Како и сите несвесни дејства, тешко е да се одучиме од неа. Експертите предлагаат неколку начини да се откажете, но, реално, се е работа на вашата волја.
Растворот со солена вода е одличен во случаи кога чувствувате потреба да го чепкате носот бидејќи ноздрите ви се суви. Така ќе ја вратите влагата во носот.
Ставете импровизиран завој на прстот со кој го чепкате, на тој начин ќе се спречите да продолжите со омилената „занимација“.
Ако чепкањето на носот е начин за борба против стресот или анксиозноста, најдете алтернатива. Држете нешто во рака или играјте игра која бара од вас да ги користите двете раце.
Меѓутоа, ако ништо од ова не помага, консултирајте се со психолог.