Наводно, Роналдно ќе треба да и плаќа на Џорџина 100.000 евра месечно до крајот на животот. Неколку месеци многу се пишуваше за можното раскинување на славниот фудбалер Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина, а сега пристигна информација дека убавата Џорџина не би се снашла лошо финансиски во тоа сценарио, пишува Дејли Мејл.
Не е познато дали ова вклучува алиментација за нивните две ќерки, Алана Мартина и Бела Есмералда, кои тој би морал да ги кофинансира додека не станат полнолетни поради раскинувањето.
Да потсетиме, Џорџина е родена во 1994 година во Буенос Аирес, но набрзо се преселила во Шпанија поради деловните обврски на нејзиниот татко, фудбалер. Веќе на четири години ја пронајде својата голема љубов – танцувањето.
Се вработила во продавница за луксузна облека каде го запознала нејзиниот принц Кристијан. За време на нејзината смена Роналдо дошол на шопинг, а таа во тој момент требало да му помогне. Таа се претставила добро, толку многу што нивната втора средба само го потврдила она што и двајцата веќе го знаеле – тоа било љубов на прв поглед.
– Првпат се запознавме кога работев како продавачка. Неколку дена подоцна беше организиран маркетинг настан на друг бренд, на кој едноставно отидов – таму беше и тој. Таму можевме многу порелаксирано да разговараме, бидејќи не бев на работното место. Тоа беше љубов на прв поглед и за мене и за него – открила Џорџина.
Тие беа во врска со месеци кога таа забремени.
Родена им е ќерката Алана Мартина, а нешто подоцна Бела Есмералда.