ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ИМОТОТ НА ЕЛВИС ПРИСЛИ! Се наоѓа во Мемфис, вториот најпосетуван објект по Белата куќа (ВИДЕО)

popara19 јануари, 20231min00
502870_ppp_f

Познатиот имот на Елвис Присли во Грејсленд во Мемфис ќе го наследат неговите три внуки по смртта на Лиса Мари Присли, единствената ќерка на „Кралот на рокенролот“.

Нејзините три ќерки Рајли, Харпер и Финли ќе станат наследнички на овој имот, а нивниот претставник потврдил дека Лиса Мари ќе биде погребана во Грејсленд, покрај нејзиниот син Бенџамин, кој се самоуби во 2020 година, пренесува Гардијан.

Во соопштението на официјалниот Твитер профил на имотот Грејсленд, семејството Присли објави дека е „шокирано и уништено“ од ненадејната смрт на Лиса Мари Присли (54), која само два дена пред нејзината смрт присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси, каде актерот Остин Батлер ја доби наградата за улогата на нејзиниот татко во филмот „Елвис“.

Лиса Мари Присли го наследила имотот од нејзиниот татко откако тој починал во 1977 година, кога таа имала девет години.

Кога наполнила 25 години, таа добила целосна сопственост на имотот, кој е претворен во музеј, за кој се вели дека е втор најпосетуван објект во САД по Белата куќа, со повеќе од 600.000 гости годишно, пишува Гардијан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma