Помеѓу многуте истражувања и теми за сексот, неодамна вниманието на експертите го привлече и едно кое го спроведоа два универзитети во Велика Британија.
Оваа студија откри од што всушност мажите најмногу се срамат во сексот, но и дека редовно ја повторуваат оваа акција. Имено, меѓу другото, истражувањето се занимавало и со тоа колку често мажите користат заштита. Излегува дека тоа е поретко кога жената е привлечна.
Колку е жената поатрактивна, толку посилниот пол има помала потреба да посегне по кондом, па затоа го зголемува ризикот од пренесување на полово преносливи болести.
Експериментот е направен така што на мажите им покажале 20 фотографии од различни жени, а за секоја морале да кажат колку се убави и привлечни, но и да одговорат дали би имале секс со неа.
Друго истражување исто така покажало дека 83 отсто од мажите имаат проблем со стандардната големина на кондомот, која е подолга од нивниот пенис. Затоа многу мажи избегнуваат заштита, бидејќи просечната должина на пенисот е 14,15 сантиметри, иако оние на кои кондомот им е голем можат да го остават завиткан на крајот.