ЕВЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ПИЕТЕ ПРЕМНОГУ ВИТАМИН Ц

popara11 ноември, 20231min00
Screenshot_11

Како што покажуваат голем број претходни студии, витаминот Ц е еден од најважните витамини за нашето тело. Дејствува како антиоксиданс и игра значајна улога во зајакнувањето на нашиот имунитет, но ова се само дел од многуте потенцијални позитивни ефекти на овој витамин.

 

 

 

Според клиниката „Мајо“, витаминот Ц успешно ги елиминира и различните штетни токсини и тешки метали од нашето тело, кои на долг рок можат да бидат извор на многу сериозни болести, меѓу кои и неколку вида рак. Се препорачува човек да консумира 75 милиграми дневно.

 

Но понекогаш со внесувањето витамин Ц може да се претера, што негативно влијае на нашето здравје. Како што објаснуваат експертите, премногу од овој витамин може да доведе до неколку несакани нуспојави, од кои некои не се воопшто безопасни. Тоа се: гадење, дијареа, абдоминални болки и грчеви, главоболка, проблеми со спиењето (несоница, будење во текот на ноќта), анемија.

 

Освен тоа, ако претераме со внесувањето витамин Ц, би можеле да имаме проблеми и со камења во бубрезите. Како што велат лекарите, премногу од овој витамин доведува до појава на камења во нашите бубрези. Колку повеќе непотребен витамин Ц внесуваме во организмот, толку повеќе се излачува преку бубрезите, а тоа доведува до формирање болни камења.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag