Блискоисточниот омлет направен од тиквички и кромид е специфичен по освежителниот мирис на нане, а најдобро оди со раскошна салата, како што е табуле од булгур, грашок и билки. Ова јадење во Египет се нарекува ега, а во другите делови на Блискиот Исток ќе го најдете под името ej’jah, но е слично на европската фритата.
Состојки:
2 тиквички
1 мал кромид
½ лажичка лук во прав
еден куп свежо нане
8 големи јајца
прстофат црвен пипер
½ лажичка прашок за пециво
2 парчиња тост
⅓ чаша млеко
сол, маслиново масло
За послужување:
фета сирење
исечени домати
Подготовка:
1. Тиквичките исечкајте ги на тенки парчиња, посолете ги и оставете ги на страна 15 минути, а потоа исушете ги со хартиена крпа.
2. Кромидот ситно исечкајте го.
3. Исечете ја кората од парчињата тост и потопете ги во ⅓ чаша млеко.
4. Одделете ги стеблата од свежото нане – ќе ви требаат околу 30 листови.
5. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
6. Загрејте го маслиновото масло во тава или кружен сад што може да се стави во рерна, а потоа додадете ги тиквичките и кромидот и пржете 5-7 минути. Додадете поголем дел од искинатите листови од нане; зачувајте некои за подоцна. Исклучете го огнот и оставете го да се излади.
7. Изматете ги јајцата, солта, мелениот црвен пипер и прашокот за пециво. Исцедете го вишокот млеко од тостот и раздвојте го со раце, додадете го во јајцата и изматете. Измешајте ги тиквичките и кромидот.
8. Доколку е потребно, додадете малку маслиново масло во тавчето или садот за рерна и истурете ја смесата. Се пече во рерна 15-20 минути.
9. Омлетот од печени тиквички послужете го со фета, искинати листови нане и домати.