Едвај го чекаме Ентони Хопкинс во улогата на Зигмунд Фројд: Погледнете го трејлерот

popara29 октомври, 20231min00
o_31009817_1280

Во трејлерот за „Freud‘s Last Session“ се појавуваат Ентони Хопкинс како Зигмунд Фројд и Метју Гуд како теологот К.С. Луис, а на снимката се гледа како познатиот невролог и психијатар, основачот на психоанализата и авторот разговараат за создавањето на Бога.

„Цел живот инсистиравте дека концептот за Бог е смешен – самиот конфликт меѓу Бог и сатаната“, вели Луис, пред Фројд да одговори: „Да, но не кажав на чија страна сум“.

Жестоката дебата за постоењето на Бог ги принудува да ги истражат личните односи во минатото и сегашноста, вклучително и службата на Луис во армијата за време на Првата светска војна.

Заплетот на самиот филм е сместен за време на Втората светска војна, односно два дена откако Хитлер ја нападнал Полска. Додека германските бомби паѓаат врз Англија, Фројд, кој избегал од Виена поради нацистичките сили, го посетува теологот К.С. Луис во Лондон. Филмот, исто така, ја истражува уникатната врска на Фројд со грижата за неговата ќерка лезбејка Ана, како и неконвенционалната романса на Луис со мајката на неговиот најдобар пријател.

Заплетот не се заснова на вистинска приказна, туку носи имагинарна средба меѓу двајца научници и го поставува заплетот во Лондон. Филмот е базиран на истоимената драма на Марко Ст. Жермен, во режија на Метју Браун, и двајцата го потпишаа сценариото. Во „Freud‘s Last Session“ играат и Лив Лиза Фрис и Џоди Балфор. Филмот во кината ќе може да го гледаме на 22 декември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma