“Грижата за овој дел од телото е исклучително важна“, вели д-р Гери Голденберг.
Вистина е дека многу луѓе не обрнуваат подеднакво внимание на сите делови од телото кога се тушираат, иако треба. На некои делови од телото им треба дури и повеќе внимание.
Еден од нив е папокот.
Без разлика дали вашиот папок е вовлечен или испакнат, во него може да се соберат бактерии и нечистотија. Според проценките, тоа е прилично валкан дел од телото бидејќи е дом на околу 67 различни видови бактерии.
Покрај тоа, остатоците од мртвата кожа и ткаенина, во комбинација со тие бактерии, може да предизвикаат непријатни мириси и инфекции. Постои и состојба наречена камен na папочна врвца, која е предизвикана од калцификацијата на природниот себум и кератин. Колку подолго каменот останува во папокот, толку е поголема шансата за инфекција.
Според експертите, не треба да го миете папокот секогаш кога се туширате, но се препорачува тоа да го правите најмалку два пати неделно.
Д-р Ифе Ј. Родни вели дека миењето на папокот треба да се прави малку поинаку од другите делови од телото.
Тој советува да натопите стапче за чистење уши во благ сапун и нежно да го исчистите папокот. Доколку имате пирс на папокот и носите накит, разговарајте со вашиот лекар како најдобро да ја одржувате хигиената на овој дел од телото, објави „Објектив“.