Џенифер Лопез и Бен Афлек зграпчија малку слободно време помеѓу деловните обврски и решија пријатното летно време да го поминат возејќи велосипед.
Двојката беше фотографирана како возат во Хемптонс со ќерката на Џенифер Лопез, Ема.
Лопез носеше комбинезон без ракави во маслинесто зелена боја, кој ги покажуваше нејзините затегнати раце, немаше шминка, а косата и беше собрана во разбушавена пунџа. Афлек исто така беше облечен лежерно, во црна маица и фармерки.
Иако од неодамна се шпекулира дека парот не е во добри односи, овие фотографии потврдуваат дека се е во ред со врската Лопез-Афлек.
Да се потсетиме дека сегашните сопружници се запознаа пред повеќе од две децении и воспоставија блиско пријателство на сетот на филмот „Gigli“ во 2001 година. Почнаа да се забавуваат следната година и планираа да се венчаат во 2003 година. Сепак, ја откажаа венчавката само неколку дена пред да се одржи и се разделија во 2004 година. Лопез подоцна се омажи за Марк Ентони, а Афлек се ожени со Џенифер Гарнер во 2005 година.