Веќе неколку сезони, белите патики се тренд број еден во женската мода.Се носат со свечени панталони и фустани, шорцеви, макси и мини здолништа,дење,навечер,па и на работа.Нема гардероба со која не одат,а сега добија достојна замена.Бонус е тоа што може да се перат во машина за перење,за да не се грижите премногу дали ќе се извалкаат.
Како што најавуваат модните познавачи,и оваа есен ќе се носат патики,само не во бела,туку во сребрена боја!И лесно можат да се поклопат со сите стилови,а сепак да бидат многу шик!
View this post on Instagram
Она што прави мала, но важна разлика во однос на белите патики е тоа што сребрените и даваат доза на гламур, елеганција и свеченост на секоја модна комбинација.
View this post on Instagram
Како да ги вклучите сребрените патики во вашиот стил?
Многу едноставно! За лежерни опции комбинирајте ги со широки фармерки и широка бела кошула,која не е целосно закопчана. Одлична комбинација за вечер е со макси или мини црн фустан со едноставен крој.
View this post on Instagram
Доколку, пак, сте љубител на посветли, „поблескави“ бои, тоа одлично ќе оди со јакна циклама и зелени панталони.Всушност, нема комбинација со која нема да оди!
View this post on Instagram