Една од најубавите жени на светот, Скарлет Јохансон ја откри својата тајна за долг и среќен брак. Познатата актерка зад себе има два разводи.
Таа беше со нејзиниот добро познат колега Рајан Рејнолдс од 2008 до 2011 година, а по тригодишна „брачна пауза“ повторно се омажи во 2014 година за францускиот новинар Ромен Дориак.
И со него после три години, исто како и со Рејнолдс, сфатила дека тоа не е тоа, по што следел нов развод.
Но после тоа го запознала актерот Колин Џост со кој стапила во врска во 2017 година, а три години подоцна среќната двојка го кажала судбоносното да.
Скарлет деновиве гостуваше во подкастот на познатата актерка Гвинет Палтроу каде откри што научила за себе и за бракот сите овие години.
– Долго време не знаев што сакам или што ми треба од некого. Не можев да разберам. Но, во одреден момент сфатив дека ми е многу важно да бидам со сочувствителна личност. Ова е основна карактеристика што мора да постои кај мојот партнер. И мислам дека разбирањето на основните работи што ви се потребни кај партнерот е од суштинско значење за долговечноста на вашата врска. Идентификувањето на тие работи дефинитивно ми го промени животот – изјави Скарлет.
Убавата актерка ја има осумгодишната ќерка Роуз со поранешниот сопруг Ромен Дориак, како и синот Козма, кој има нешто повеќе од година и пол, со сегашниот сопруг Јост.
– Конечно успеав да почнам да се почитувам доволно за да знам кои се основните работи кои ми се неопходни и да бидам во ред со тоа. Тоа беше мојата животна лекција – вели Јохансон.
Вели дека сега е многу среќна со партнерот, а предуслов за таа благосостојба била да сфати што и треба од врската. Таа ги препозна сите овие работи во Јост и сега гледа добра иднина со него.