Понекогаш не е лесно да се препознае прељубникот. Оставени сте да погодувате и да се сомневате и не можете да потврдите. Едно истражување покажа дека еден детал може да ви помогне да откриете дали партнерот ве изневерува.
Истражување спроведено на 1.000 мажи и жени покажало интересни резултати со истражување на силата на огласувањето за време на сексот.
Дури 62 отсто од жените и 72 отсто од мажите откриле дека биле погласни „во туѓите кревети“, односно кога ги изневерувале своите партнери.
Исто така, 88 отсто од жените рекле дека се погласни од партнерите за време на сексот, а 71 отсто од мажите рекле дека уште повеќе се палат поради тоа што нивната партнерка е бучна за време на водењето љубов.
Истражувањата покажуваат дека јачината на звукот за време на сексуалниот чин може да влијае на квалитетот, взаемното задоволство и самодовербата на љубовниците.
Заклучокот е дека луѓето кои се склони кон изневерување се всушност побучни во сексот.