Истражувачите тврдат дека повеќе од половина, 52 отсто од луѓето признаваат дека ги изневеруваат своите партнери, а 78 отсто веруваат дека мажите ги привлекуваат жените поради големиот орган. И тоа не е оној на кој прв ќе помислите.
Само десет проценти од мажите рекле дека жените со кои се забавувале имаат и голем нос.
Големината на носот кажува се
Според истражувањето на 2.000 членови на страницата за запознавање illicitencounters.com, само 18 отсто од оние кои изневерувале имале мали носеви.
Портпаролката Џесика Леони изјави: „Големите носеви можеби не се најатрактивната карактеристика, но има нешто во нив што остава впечаток на мажественост“.
Емили Бамфорд (34), асистентка во салон за убавина од Бирмингем, додаде: „Не знам што е тоа, но има нешто во врска со мажот со голем нос што е многу секси и можеби затоа на крајот повеќе изневеруваат“.
„Пријателите ме исмејуваат затоа што неколку мои момчиња имаа голем нос. И двајцата беа лоши момци со залутано око, но секогаш расположени за забава“, објасни таа.