Едноставен начин за зајакнување на вашата врска: Правилото 2-2-2 вреди злато

popara25 февруари, 20231min00
Ljubavni-par

Како да се спречи монотонијата во бракот?

Брачните терапевти и експертите за врски би ви кажале како квалитетното време со вашиот сопружник може да ја зајакне вашата заедница, семејство, но некако, кога „животката зафатеност“ ќе ги преземе вашите мисли и време, заедничкото време е првото нешто што изгледа паѓа на страна.

Отворањето простор за квалитетно време можеби е поважно отколку што мислите, па зошто да не го пробате правилото 2-2-2?

Што точно е 2-2-2 и како функционира?

Без разлика дали сте младенци кои сакаат да ја зајакнат врската или пар кој е заедно со години во надеж дека ќе се поврзе повторно еден со друг, правилото 2-2-2 можеби вреди да се проба. Правилото е: на секои две недели излегувајте навечер, на секои два месеци одете некаде за викенд и на секои две години барем една недела сами.

Психоаналитичарот и брачен советник Кимберли Хершенсон изјави за „Фокс њуз“ дека соработувала со клиенти кои биле пред развод, но имале голема корист од применувањето на правилото 2-2-2 во нивните животи.

Како да го вклучите правилото 2-2-2 во вашата врска?

Ноќите за состаноци не мора секогаш да бидат комплицирани. Излегувањето надвор и шетањето, заедничкото готвење оброк дома може да биде исто толку ефективно. Сепак, не треба да го користите ова време за да разговарате за проблемите:

– Подеднакво е важно да се забавувате и да се опуштите, уживајќи во убав оброк или филм. Заедничкото патување може да биде исто така вежба за поврзување и можност да научите работи за вашиот партнер што веќе не сте ги знаеле, а романтичното бегство може да биде токму она што ви треба за да вдахнете нов живот во вашиот брак, објаснува Кимберли.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma