Откријте трик со кој лакот ќе ви трае подолго.
Освен добар лак и маникир, постои уште една ситница за која веројатно не сте размислувале или сте ја сметале за неважна, а многу е важно за вашиот лак да трае подолго. Станува збор за изборот на вистинскиот отстранувач на лак за нокти.
Вообичаено, многумина го избираат најдобриот, најдолготрајниот лак, но го земаат најповолниот отстранувач на лак за нокти, под претпоставка дека секој од нив е ист. Сепак, експертите велат дека квалитетен отстранувач на лак ќе го продолжи времетраењето на вашиот маникир, пишува „Journal.hr“.
Вашиот лак ќе трае подолго без пукање. Се разбира, ќе треба некое време да користите поквалитетен отстранувач за да им овозможите на ноктите целосно да закрепнат прво, но ќе вреди.
Но, тоа не е се. За да направите вашиот лак да трае подолго, има уште некои работи што можете да ги направите.
Земете стапчиња за уши и потопете ги во алкохол или алкохолен оцет. Користете го ова за чистење на ноктите од траги од маснотии, пред да го нанесете базниот лак на ноктната плоча.
Прво нанесете слој од проѕирен, леплив базен слој и почекајте додека не бидете целосно сигурни дека е сув.
Со оглед на тоа што врвовите на ноктите најчесто најбрзо се оштетуваат и од нив лакот прв се отстранува – уште еднаш покријте го овој дел од ноктите со базен лак.
Пред да го нанесете лакот во саканата боја, не тресете го горе-долу. Доколку сакате да ја измешате содржината на шишето, подобро е да го свртите меѓу дланките – на овој начин ќе спречите формирање на меурчиња во лакот, а постоечките ќе исчезнат.
Лесно нанесете го лакот на ноктите, внимавајќи да не дојде на кожата околу ноктот – токму кожата до ноктот е таа што го „подигнува“ лакот и го забрзува оштетувањето.
Исушете го лакот со фен – дури и ако не брзате. А ако сакате уште повеќе да го забрзате процесот на сушење на лакот – потопете ги врвовите на прстите во ладна вода.
Кога ќе бидете сигурни дека лакот во боја е сув, нанесете слој безбоен заштитен лак, а за да го задржите сјајот на ноктите, заштитниот, безбоен лак нанесувајте го секои наредни два дена, пишува „edukacija.rs“.