Состојки:
2 тиквички
2 лажици мајонез
1 кромид
150 гр моцарела или малку тврдо сирење
копар
3 јајца
3 лажици брашно
1 лажица прашок за пециво
1 лажица презла
300 гр шунка
1 лажичка италијански зачини
Подготовка:
Изрендајте ги тиквичките, па посолете ги и оставете ги да се исцедат околу 10 минути. Потоа добро исцедете ги, па ставете ги во сад. Додадете рендана моцарела, сечкан копар, исечкан кромид, јајца, потоа сол, бибер и посипете со италијански зачин. Додадете мајонез, сè добро измешајте, а потоа додадете брашно и прашок за пециво. Повторно добро измешајте. Подмачкајте го со масло огноотпорен сад и посипете го со презла. Третина од смесата прелијте ја и израмнете, па наредете ја шунката. Така правете додека не ги искористите сите состојки, а последниот ред е смесата со тиквички. Се пече во загреана рерна на 180°C околу еден час.