Многу корисно растение
Во народната медицина ајдучката трева игра исклучително важна улога во лекувањето на женските тегоби како нередовна менструација, непредвидливи топли бранови и други тегоби кои ја придружуваат менопаузата, но и воспаление на јајниците, миом и други болести на матката, вклучително и најсериозните болести.
Ова растение содржи материи кои благотворно делуваат на слузокожата на желудникот, па затоа чајот се препорачува за подобар апетит, за ублажување и лекување на гастритис, колитис и грчеви во желудникот и цревата. Калиумот, кој го има во изобилство во ова растение, ја поттикнува работата на бубрезите, го смирува срцето и ги ублажува симптомите на ПМС.
Оваа билка поволно делува и при различни крварења – во желудникот, цревата, крварења од носот, од хемороиди, кашлање со крвав спутум, а многу е ефикасна и при ангина пекторис, ревматизам и ревматски болки, болести на слезината, црниот дроб, панкреасот и жолтица.
Чајот делува и лекува испукани раце, ранливи брадавици на доилки и осип на кожата.
Препарати од ајдучка трева
Чај
Една кафена лажичка ајдучка трева прелијте ја со шолја топла вода, оставете ја да отстои околу 10 минути, а потоа процедете ја. Не пијте повеќе од две шолји дневно.
Тинктура за варење
Наполнете едно шише со исечкани листови и цветови од ајдучка трева, па прелијте ги со ракија. Оставете да отстои три недели на сонце или на топло место, па процедете ја смесата. Пијте по една лажица наутро и навечер и проблемите со варењето ќе исчезнат.
Маст против хемороиди
Истите количини ајдучка трева и машки тегавец, околу 50 гр од секое растение, измешајте ги со 0,5 кг свинска маст, а потоа варете десет минути. Оставете да отстои преку ноќ, наутро загрејте ја смесата, процедете ја и истурете ја во тегли. Чувајте ја маста на темно место.
Напомена: Доколку имате здравствени проблеми консултирајте се со доктор.