Ед Ширан бил во Њујорк на шоу во Бруклин и ја искористил приликата да ја изненади локалната легенда на тој град, Мајк Јанг.
Јанг (62) стана вирален во 2016 година со видео на кое ја пее „Unchained Melody“ на The Righteous Brothers во метро станица во Њујорк, што доведе до појавување на America’s Got Talent, а тој објави и студиски албум во 2018 година.
Во понеделникот, Мајк снимаше видео на метро станицата Church Avenue во Бруклин, пеејќи ја новата песна на Ед „Eyes Closed“, кога беше изненаден од самиот 32-годишен Ширан.
Двајцата заедно пееја по топол поздрав. Но, тоа не беше се. Ед на Мајк му дал и две билети за неговиот концерт, пишува Дејли Мејл.
Погледнете го клипот: