Ед Ширан ископал гробница во својата куќа: „Кога ќе дојде тој ден, таму ќе одам“

popara7 октомври, 20231min00
ed-sheeran-1-830x0

Ед Ширан направил гробница во својата куќа каде што планира да биде погребан кога ќе умре.

Откако започнаа гласините дека пејачот изградил гробница во неговата куќа, тој во неодамнешното интервју за GQ откри дека тоа всушност е гробница направена специјално за него.

– Тоа е дупка ископана во земјата, а над неа е камен, па кога и да дојде тој ден ќе одам таму – рече тој.

Тој ги изненади своите фанови со ова признание. Многумина се прашуваат зошто размислува за смртта кога штотуку навлезе во третата деценија од животот.

– Луѓето мислат дека тоа е многу чудно и навистина морбидно, но имав пријатели кои умреа без тестамент, па никој не знаеше што да прави – изјави Ширан.

Неговиот најдобар пријател Џамал ​​Едвардс почина на 31-годишна возраст. Го загуби и својот сакан ментор Мајкл Гудински, а потоа и неговиот колега Шејн Вејн.

Најтешкиот удар дошол кога неговата сопруга Чери Сиборн се борела со тумор додека била бремена со една од нивните две ќерки, па ѝ било дозволено да се лекува само по породувањето.

– Поминував низ страв, депресија и анксиозност. Се чувствував како да се давам, со главата под површината, гледајќи нагоре, но не можев да земам воздух – изјави претходно пејачот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag