Ед Ширан на суд поради обвинувања за плагијат: Еве како се бранеше славниот пејач

popara28 април, 20231min00
Screenshot_8

Британскиот музичар Ед Ширан неодамна се најде на суд поради наводен плагијат на песната „Let’s Get It On“ на музичарот Марвин Геј.

 

 

 

Познатиот музичар се бранеше пред судот во Њујорк во вторникот, откако наводно го плагирал текстот на неговата балада „Thinking Out Loud“. Како што пренесуваат медиумите, тужбата е иницирана од еден од соработниците на Марвин Геј и коавтор на текстот „Let’s Get It On“ – Ед Таунсенд, а обвинението првично е поднесено во 2017 година.

 

Во тужбата се наведува дека Ширан и неговата коавторка Ејми Веџ ја копирале влезната секвенца од четири акорди и нејзиниот ритам. Ширан пред судот изјавил дека тој и Веџ биле инспирирани да ја напишат песната од љубовта меѓу неговите баба и дедо.

 

„Повеќето поп песни може да се преклопуваат над повеќето поп песни. Можеш да тргнете од „Let it Be“ преку „No Woman, No Cry“ и повторно да се вратите назад. Ако сум го направил тоа за што ме обвинувате, би бил идиот да стојам на сцената пред 20.000 луѓе и да пеам“, објаснил пејачот.

 

За потсетување, Ширан веќе неколкупати беше обвинет за плагијат, а во април годинава го доби судскиот спор во Велика Британија за неговиот најголем хит „Shape of You“. Нему му се судеше откако беше обвинет за копирање на песна од малку познатите текстописци Сами Чокри и Рос О’Доногју. Заклучено е дека Ширан „ниту намерно, ниту потсвесно“ ја копирал нивната песна „Oh Why“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag