Експертите предупредуваат: Доколку го забележите ОВА на компирот, не смеете да го јадете!

popara25 февруари, 20231min00
Krompir

Компирите содржат соланин, отровно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид

Експертите предупредуваат дека доколку по лупењето на компирот забележите дека е зелен, или дека за’ртел, не го јадете. Зелената кора на компирот може да биде знак дека во зеленчукот има токсични материи.

Компирите содржат соланин, токсично алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид и кое е присутно во зголемена концентрација во зелените, оштетените или из’ртените  компири, според Германскиот федерален институт за проценка на ризик.

Соланинот не само што го менува вкусот на компирот, туку е и опасен по здравјето. Ако консумирате премногу соланин, може да почувствувате симптоми како што се гадење, болки во стомакот, повраќање и дијареа.

Истражувањата покажаа дека со лупење се отстранува најмалку 30 отсто од соланинот од компирот, но повторно, тоа значи дека уште 70 отсто остануваат во месото на овој зеленчук. Дури и готвењето, пржењето и печењето не помагаат значително да се намали содржината на оваа супстанца, така што дури и по термичка обработка, зелениот компир нема да биде безбеден за јадење.

За да се спречи производството на соланин во компирот, најдобро е овој зеленчук да се чува на суво и темно место по купувањето, така што сончевата светлина, како и превисоките или прениските температури, не би влијаеле на него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma