Според советите на експертите, не треба да ја сушиме само косата со фен, туку и ноктите на нозете.
Можеби овој совет не изгледа како најразумниот, но зад него се крие прилично логично објаснување.
Експертот за нокти, Дебора Липман, вели дека сушењето на ноктите на нозете после туширање е сосема оправдано, бидејќи тоа го спречува развојот на габи на ноктите, кои штом ќе се појават бараат долг и напорен процес за лечење.
Ако ноктите сами се сушат на воздух, потребни се 30 минути за добро да се исушат аглите и просторите меѓу прстите, а тоа се местата каде што најчесто се појавува габата, а потоа се шири.
Ако користите фен, сушењето ќе заврши за само една минута, а ќе го спречите развојот на габите.
Многумина од нас не размислуваат што може да се случи ако не се грижиме правилно за нозете и ноктите на нозете. Габите, патем, исклучително ги фаворизираат влажните области.
За дополнително да избегнете формирање на габи, избегнувајте премногу тесни чевли. Секогаш избирајте некои што овозможуваат циркулација на воздухот.
Се подразбира дека редовното менување на чорапите е од суштинско значење, особено ако вашите стапала се склони кон потење.
Првиот знак дека веројатно имате габи се бели точки на вашите нокти. Показател може да биде и сувата кожа на стапалата.