
Повлекувањето на лажицата, од средината на градите, кон рамото, треба да ве ослободи од досадната кашлица.
Кашлицата е дефинитивно една од најдосадните последици од настинката, која може да биде многу иритирачка и да трае долго.
Специјалистот за акупресура Ајлин Ли со своите следбеници сподели како можете брзо да се ослободите од оваа „напаст“.
Сè што ви треба е кутија од крем, на пример, или лажица, бидејќи ви треба онаа заоблената страна.
Преку маица, а од средината на градите, повлечете неколку пати кон рамото, така што кожата ќе ви стане розова.
Како изгледа во пракса, погледнете на видеото ТУКА.