Експерт за врски открива: Премногу очекувања може да ви ја уништи врската без да бидете свесни за тоа

popara10 јануари, 20231min00
Screenshot_10

Во денешно време често имаме нереални очекувања од партнерот. Преголеми, контрадикторни и обично правиме голем притисок, само за да бидеме ние среќни. Резултатот е потполно спротивен од она што сакаме да постигнеме.

 

 

 

Еве како тоа да го избегнеме и да создадеме стабилна врска во која двајцата партнери ќе бидат задоволни…

 

Врските нѐ исполнуваат, потикнуваат, подобруваат и хранат. Но, иако не сакаме да признаеме, врските не се само пеперутки во стомакот и вљубени насмевки. За врска е потребно многу труд, трпение, несебичност и компромис, а лесно може да тргне во правец на несогласување од кое нема враќање.

 

Лесно е да се обвинува партнерот поради неговите недостатоци кога работите ќе тргнат во погрешен правец. Го засилуваме својот страв и сомнеж на оние кои најмногу ги сакаме, наместо во себе да ја пронајдеме причината за проблемот, за кој најчесто не сме свесни. Во модерните врски, сакаме партнерот да биде страствен, но стабилен. Да биде наш најдобар пријател и наш љубовник- да не спомнуваме дека треба да ни биде партнер за шопинг, човек од доверба и другар за патување. Да дискутира за проблемите на работа и внимателно да слуша ако имаме одреден проблем.

 

Ако сеуште не сте дошле до овој заклучок- имаме нереални очекувања од една личност. Резултатот на сето тоа е потполно спротивен на она што сакаме да постигнеме. Тој или таа е некој кој ни дава силно чувство на припадност, го обогатува нашиот живот преку страст и создава темели за раст, како на поединецот, така и на врската, но мора да постојат одредени граници кога се однесува на очекувањата.

 

Таа личност не може и не треба да биде наше сѐ. Кога ќе си дадеме слобода да го почувствуваме своето внатрешно светло и сочуствително ги прифатиме своите недостатоци, тогаш и на својот партнер му даваме слобода. Кога сме двајцата слободни, тогаш само небото ни станува граница.

 

Одвојување на време за внатрешен фокус ќе ви помогне да создадете прекрасен свет во сопственото срце и ум во кој се ослободувате од надворешна врзаност. Тогаш кон светот ќе можете да се отворите од друга перспектива, поотворено и поискрено, која ќе се прелее и во односи со малку труд и многу љубов. Делете се себеси со светот- не само со партнерот. Сите заслужуваат дел од вашата светлина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma