Експерт за мода открива кои модни парчиња ве прават да ИЗГЛЕДАТЕ ПОСТАРИ

popara18 април, 20231min00
moda-kaput-torbica-zene-drugarice-830x0

Стилистот ги откри клучните тајни за тоа како жените можат да изгледаат помлади со само неколку модни совети.

Третманите за лице или нова фризура и промена на бојата на косата можат да бидат добра опција кога станува збор за подмладување на вашиот изглед, но тоа можете да го постигнете и со промена на имиџот.

Личната стилистка Мелиса Лунд откри за британскиот „Експрес“ неколку едноставни начини на кои жените можат веднаш да изгледаат помладо и подобро.

Таа исто така објасни зошто темните чанти со долги ремени, рамни неутрални чевли, широка облека и цветни фустани можат веднаш да направат да изгледате постаро отколку што сте.

Иако секој има свој личен стил и облека што одговара на нашето тело, постојат некои работи кои се погрешни за секого.

– Помалите чанти, клач чантите, смелите чевли и добро склопената облека можат да бидат вистинскиот начин да изгледате модерно и помладешко – советува Мелиса.

– Сите тие широки фустани со цвеќиња се промашување – додава таа.

Мелиса понатаму вели дека е погрешно мислењето дека кога жените ќе достигнат одредена возраст треба да престанат да ги следат трендовите. Таа ги поттикнува да ја сакаат модата, но не и да станат нејзини робови.

Тоа не значи дека треба да се облекувате од глава до пети во најновиот тренд, туку дека треба да ги користите трендовите како инспирација за елементи од вашиот сопствен вкус.

Мелиса ги советува зрелите жени да не го менуваат стилот поради годините, туку малку да го прилагодат.

– Ако сакате кожно здолниште, можете да продолжите да го носите, само направете го малку подолго од она што го носевте на 20 години – заклучила таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma