Актерката Ема Вотсон неодамна позираше во сосема необичен фустан.
Бледо синиот фустан кој виси во асиметрични набори навистина збуни многу обожаватели на актерката.
Иако сината нијанса на фустанот е во склад со актуелните бои на ова лето, кројот е проблематичен. Имено, делува неформално, но и неуредно.
Фустанот е потпишан од брендот „Loewe“. Посебно е интересно што различните делови на фустанот се споени со метални делови.
Судејќи по коментарите, фустанот на актерката убедливо ја понесе титулата модно промашување на месецот.
„Целосно сум збунета“, „Мојот мозок се бори со овој фустан“, „Фустанот личи на превртен чадор“, „Вистински пример дека некои работи во реалноста не се убави “, се само дел од коментарите.
Ема Вотсон, која се прослави со филмовите за Хари Потер, веќе некое време не глуми. Триесет и тригодишната актерка последен пат застана пред камерите пред 4 години кога глумеше во филмот „Малите жени“.