Емили проговори за врската со Хари Стајлс, откри дека се гледаат веќе два месеца

popara5 април, 20231min00
o_28594885_1280

Минатата недела во медиумите стана вирално видео кое го објавија британските медиуми, на кое светски познатата манекенка Емили Ратајковски и музичарот Хари Стајлс разменуваат нежности, односно бакнежи на улиците на Токио. Оттогаш, миленикот на жените и фаталната бринета се следени на секој чекор и дефинитивно ја скокоткаа фантазијата на своите обожаватели. Лежерно облечени си разменија нежности покрај паркиран автомобил, а до сега никој од нив немаше дадено изјава за оваа приказна.

Сепак, Ратајковски се осмели да зборува. Една од најангажираните манекенки во светот прокоментира дека Хари и таа се заедно веќе два месеци, иако се кријат од јавноста, но очигледно безуспешно. Рекла и дека мисли дека Хари е „тој вистинскиот“, пишува Дејли Мејл.

image

„Само што почнав да излегувам со некој што мислам дека ми се допаѓа. Тој е одличен“, коментира Американката, која беше во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-МекКлард, со кој го има и синот Силвестер.

Но, она што е најинтересно во целата оваа приказна е токму врската помеѓу Ратајковски и поранешната девојка на Хари, актерката Оливија Вајлд, со која имаше пријателски односи и неодамна се дружеа на забавата на Vanity Fair по Оскарите, па многумина коментираат дека со овој потег ѝ забила нож во грб. Да потсетиме, на крајот на минатиот месец се појавија гласини дека Хари си нашол нова девојка, но нејзиниот идентитет тогаш не беше откриен.

image

“Хари се гледа со некого. Ќе се потруди да го скрие нејзиниот идентитет по циркусот околу неговата врска со Оливија. Сите негови блиски пријатели знаат за романсата. Иако е сè уште рано, се чини дека добро им оди”, рекол негов пријател , како што пренесуваат странските медиуми, кој се осврнал и на врската со Оливија Вајлд, со која музичарот раскинал по две години романса. Музичарот не беше поврзуван со нови жени, се до сега кога Ратајковски му ја затресе земјата под нозете. Откако поднесе барање за развод од поранешниот сопруг, медиумите ја поврзаа со неколку мажи. Се шушкаше дека нешто се случува помеѓу неа и Бред Пит, Џек Гриром, а на Денот на вљубените на Инстаграм, по неколку недели гласини, Ерик Андре објави нивни заеднички фотографии – на кои и двајцата се голи. Сепак, излегува дека тие двајца дотогаш веќе раскинале, а се чини дека Хари дотогаш веќе бил во план.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma