Есента веќе е во полн ек, а со неа дојдоа и најновите модни трендови. Вклучуваат интересни детали кои ќе ги обожаваат сите љубители на модата, но и оние кои сакаат да ја внесат свежината на новата сезона во својот гардеробер. Денеска носиме аксесоари кои ќе ве направат ѕвезда на есента.
Ќе забележите дека списокот содржи детали кои ги гледаме долги години, само во поинакво светло, а има и предмети кои ќе ве изненадат.
Ова се некои од незаменливите модни детали за оваа сезона:
1. Пончо
Пончо е еден од деталите кои никогаш не излегуваат од мода. И убавo и практичнo, поради што жените често го носат преку маица, ролка или тенок џемпер. Моделите во боја на кожа изгледаат одлично, а исто така и пошарените. Изборот е ваш.
2. Потпетици со шпиц
Стилето штиклите се елегантни, женствени и погодни за сите прилики, па и за секојдневните. Оваа сезона особено блеснаа шилките со зашилен врв и помала потпетица бидејќи дамите бараат удобност.
3. Торби со цврста рачка
Цврстите рачки на малите чанти се апсолутен хит оваа сезона, а сигурно ќе забележите модели на чанти со прекрасни рачки во различни форми, како јаже, телефон или дури и нож. Поедноставните модели кои се посоодветни за секојдневните потреби имаат рачки украсени со монистра, циркони или обложени со најубавите металик бои.
4. Црвени хулахопки
Еден од понеобичните детали дефинитивно се црвените хулахопки. Црвените хулахопки се тука да го зачинат вашиот изглед и да го направат подраматичен и огнен. Тие буквално велат: „Сите гледајте во мене!“.
5. Металик боја
Металик боите се тука и нема да исчезнат. Некои од најпопуларните детали во металик бои покрај накитот се и здолништата, корсетите и малите чанти. Тие изгледаат фантастично со едноставна облека.