Оваа сезона владееја многу тонови, од сини и портокалови нијанси до класици како црна, сива и бела.
Сепак, една нежна боја која вообичаено ја поврзуваме со пролетта оваа сезона стана задолжителна во есенскиот стајлинг.
View this post on Instagram
Розовата полека пристигнува на модните радари и во аутфитите на модните инфлуенсери кои со своите комбинации ни порачуваат да си поиграме со оваа нежна боја и да ги разбиеме типичните есенски стајлинзи.
Така, инфлуенсерите неодамна го посветија своето внимание на облеката во која доминира розев џемпер и внесоа нежност во секојдневниот живот. Со вашите омилени Ugg чизми и тексас фармерки или здолниште со сиви или беж тонови, со што и да го комбинирате розовиот џемпер, ќе создадете суптилен, но уникатен есенски аутфит.
View this post on Instagram