Ефективни и едноставни решенија: Три техники за намалување на температурата во домашни услови

popara15 март, 20231min00
584220_pexels-polina-tankilevitch-3873175_f

Пробајте

Кога станува збор и за возрасни и за деца, имаме дилема кога да се јавиме на лекар, дали да даваме лекови и кои… Во некои случаи навистина вреди да се потсетиме како нашите мајки и баби успешно ни ја симнуваа температурата.

Капење во млака вода

Задолжително пробајте ги овие природни методи кои сигурно ќе придонесат за намалување на телесната температура.

Капете се во млака вода. Не обидувајте се брзо да ја намалите температурата со потопување во ладна вода. Во тој случај крвта побрзо ќе отиде кон внатрешните органи, бидејќи така телото се брани од студот. Така, вашето тело всушност ќе има тенденција да се загрева, наместо да се лади. Може да се триете и со сунѓер натопен во млака вода, пред се под пазувите и во пределот на препоните.

Чорапи

Најобичните чорапи, верувале или не, се дел од стар, популарен домашен лек за намалување на високите температури и против треска. Загрејте ги стапалата во топла вода. Потоа потопете тенки памучни чорапи во ладна вода, исцедете ги и ставете ги на стапалата непосредно пред спиење. Над нив облечете пар суви волнени чорапи. На овој начин крвта ќе стигне до стапалата, што исто така ја зголемува циркулацијата на крвта. Друг начин да се донесе крв во стапалата е купка со сенф. Додадете две лажички сенф во четири чаши топла вода во леген, а потоа потопете ги стапалата.

Секако, нема потреба да се трошат зборови за делотворноста на „плескавиците“ од пченкарно брашно и ракија или оцет, залепени за нозе, но секако ги споменуваме заради помладите генерации, кои веројатно не се запознаени со овој природен метод за намалување на температурата.

Мокар чаршаф

Уште еден стар народен лек за смирување на температурата е да натопите чаршаф во ладна вода и да се завиткате во него. Бидејќи не се препорачува пребрзо намалување на телесната температура, користете млака вода. Ставете најлон и влажен чаршав на душекот, а потоа легнете, завиткајте се и поминете така околу 15 минути. Одвиткајте секога влажниот чаршаф ќе почне да се загрева, што ќе значи дека го изладило вашето тело.

Забелешка: Ако имате повишена температура, прво консултирајте се со вашиот лекар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag