Ешли Греам не можела да седи заради деталите на фустанот: Вака изгледале нејзините маратонски подготовки за Мет Галата

popara3 мај, 20231min00
tan2023-05-02003817779-830x0

Ешли Греам заблеска на Мет Галата во свечена тоалета дизајнирана од Харис Рид, во чест на парчињата висока мода на Шанел од средината на 80-тите до почетокот на 90-тите. Фустанот со драматичното здолниште, корсет и детали беше еден од најубавите на овогодинешната Мет Гала.

Ешли на својот ТикТок сподели како всушност изгледале подготовките за овој голем настан.

Денот претходно го посветила на разни третмани за лице за да биде доволно хидрирано. Вечерта направила маникир, а на денот на Мет Галата целиот тим за убавина се преселил во хотелската соба.

Ешли во удобни розови пижами го покажа редоследот по кој се одвиваат подготовките. Таа објасни дека им треба многу време и дека се е како маратон. Некои од ѕвездите имаат проба неколку дена пред церемонијата, но таа никогаш не го направила тоа, сè договорила на време и мислела дека е доволно.

Додека Ешли објаснува се, нејзиниот тим истовремено и ја средува косата и се шминка.

@theashleygraham

What really happens inside the #MetGala

♬ original sound – ashleygraham

За се да остане на неа цела вечер, производите се нанесуваат внимателно и полека, а не веднаш еден врз друг. За време на паузите, за ручек јаде пилешко и вели дека вечерта пред тоа престанала да зема течности, бидејќи и е невозможно да оди во тоалет со фустанот што го носи.

Таа на настанот дошла со специјален автобус и не седнала, делумно поради гужвање на фустанот, делумно поради „обрачот“ на фустанот што ги обиколува рацете и грбот.

А во автобусот се е посветено на Ешли, има цел тим кој проверува дали шминката и фризурата и се на место пред Ешли да се упати кон скалите на музејот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma