Модната дизајнерка и актерка Ешли Олсен тајно се омажила за својот долгогодишен партнер Луис Ајснер, пишува Page Six.
Двојката е заедно од 2017 година, а церемонијата се одржа во приватен дом во Бел-Ер на 28 декември. Медиумите јавуваат дека на свадбата имало педесетина гости.
Да потсетиме, Ешли, заедно со нејзината сестра близначка Мери Кејт, започна да глуми во ТВ, филмови и видео проекти, кои продолжија до тинејџерските години.
Преку нивната компанија Dualstar, Олсен се приклучи на листата на најбогати жени во забавната индустрија. Последната деценија од својата кариера ја фокусираа на дизајнирање облека и не се појавуваат често во јавноста:
„Ние сме воспитани да станеме дискретни луѓе“, изјави Мери Кејт во една прилика за странските медиуми со што појасни дека таа и нејзината сестра одлучиле да живеат далеку од очите на јавноста во последните години.