Колекционерка која посетила саем на модерна уметност случајно соборила мала стаклена скулптура на познатиот уметник Џеф Кунс, која се скршила.
Блескавата сина скулптура, една од познатите серии на Кунс „Balloon Dog“, била проценета на 42.000 долари, а несреќата се случила на саемот за уметност Ејнвуд во Мајами.
Скулптурата стоела на акрилен штанд со името на познатиот уметник.
„Ја видов оваа жена како тропа на скулптурата и тогаш таа падна и се распарчи на илјадници парчиња“, изјави уметникот Стивен Гамсон за Fox News.
Тој им кажа на новинарите дека мислел дека жената сака да се увери дека тоа е вистински балон.
Некои колекционери и гости на саемот најпрво мислеа дека се работи за уметнички перформанс.
A strange way to say "Doing the Lord's work".
Woman accidentally breaks $42,000 Jeff Koons sculpture at Art Wynwood in Miami https://t.co/7oFHkLVyhO via @Yahoo
— Retard Philosopher Ph.D (@Arsetotle1) February 19, 2023
Еден посетител успеал да го сними моментот, а на видеото се слуша глас кој вели: „Не ми се верува дека некој го срушил тоа“.
Бенедикт Калуч, кој ја спонзорира уметноста на Кунс, изјави за Мајами Хералд дека жената не ја скршила намерно скулптурата и дека штетата ќе биде покриена со осигурување.
Кунс е американски сликар и скулптор кој наоѓа инспирација во секојдневни предмети, вклучително и животни од балон.
Неговата работа предизвикува спротивставени мислења и ја оспорува дефиницијата за ликовната уметност.
Неговите скулптури од кучиња од балон се со различни големини, од 30 сантиметри до три метри.