Актерката Хали Бери често објавува фотографии на Инстаграм во природно издание, а мажите и жените ширум светот се воодушевени од изгледот на оваа убавица!
Не е тајна дека напорно тренира, внимава на исхраната, секако, а сега на Инстаграм сподели рецепт за маска за лице што секој може да ја направи.
Потребни ви се само четири едноставни состојки и околу 15 минути време, а резултатите се одлични, барем ако и се верува на прекрасната Хали. Таа тврди дека оваа маска ја осветлува кожата, ги намалува брчките и го поттикнува природниот сјај на кожата.
Потребни состојки:
1/4 чаша јогурт (грчки или некој погуст), прстофат куркума, половина лажичка сок од лимон, две лажици зелен чај (сварен)
Подготовка и употреба:
Енергично измешајте ги сите состојки. Нанесете половина од смесата на лицето и оставете да отстои 3 минути. Потоа нанесете го остатокот од маската и оставете да делува уште 10 минути. Исплакнете го лицето со ладна вода и нанесете ја хидратантната крема што вообичаено ја користите.