Жените во овие години побрзо доживуваат оргазам, повеќе уживаат во сексот

popara25 февруари, 20231min00
676 (1)

Истражувањата покажаа дека сексот е најдобар на постари години. Така, 37 отсто од женските и 34 отсто од машките испитаници признале дека четириесеттите им се најдобрата возраст за секс.

20-годишниците имаат повеќе секс, но 40-годишниците всушност повеќе уживаат во сексот, констатирале авторите на истражувањето, а причината е фактот што 40-годишниците имаат помалку комплекси и повеќе искуство.

Еве зошто сексот во староста е подобар и попријатен.

Луѓето над 40 се посамоуверени

Точно знаат што сакаат, не се срамат од звуците или движењата што ги прават за време на сексот и не им е грижа за малку целулит или неколку брчки. Тие исто така помалку се плашат од неуспех во кревет и не глумат оргазам.

Сексот во брак е најдобар

Секако, на почетокот на секоја врска сексуалната енергија е на својот врв, затоа новите парови не можат да ги тргнат рацете еден од друг бидејќи се е ново и возбудливо. Но, како што созрева врската, партнерите се врзани со поголема љубов. Тие се познаваат подобро и затоа знаат што му одговара на другиот. Веќе нема потреба да ги криете своите фантазии и можете подобро и полесно да се препуштите.

Постарите жени полесно постигнуваат оргазам

Со годините се повеќе уживаме во сексот, а тоа е голема предност кога станува збор за посакуваниот оргазам – жените над 40 години имаат помалку проблеми со достигнување на кулминацијата. Истражувањето покажало дека 40 отсто од анкетираните 20-годишни жени имаат проблеми со постигнување оргазам, додека 20 отсто од жените во четириесеттите го кажале истото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma